Мила им забранила на работниците на сетот на нејзиниот филм да гледаат во неа!

Актерката Мила Кунис (29) во моментов е во Лондон за снимање на филмот ” Jupiter Ascending“. На работниците кои помагаат на сетот им биле дадени инструкции за тоа како да се однесуваат со актерката.
Со цел актерката да не биде вознемирувана, продуцентите им забраниле да разговараат со неа. Покрај тоа, тие дури не смеат ни да гледаат во неа, бидејќи и пречело. Со актерката од Лос Анџелес, во Лондон привремено се пресели и нејзиното момче Ештон Кучер (34). Додека Мила е на сетот, Ештон е ангажиран околу сместување на мебелот во куќата која тие ја изнајмија.
 Актерот одлучи привремено да престојува надвор од Лос Анџелес по лошите критики кои ги добил за глумата во филмот за основачот на Епл, Стив Џобс, и моментално е во потрага по нови ангажмани.Актерката Мила Кунис (29) во моментов е во Лондон за снимање на филмот ” Jupiter Ascending“. На работниците кои

Пронајдете не на следниве мрежи: