Миле Кузмановски го завршува својот нов албум, а ова е неговата најнова песна

Македонскиот фолк пејач Миле Кузмановски ова лето напорно работи на својот нов албум, за кој најавува дека подготовките се при крај.
Пејачот вчера ја објави својата најнова песна насловена „Чадор стар“, со автор на текстот Огнен Неделковски, музика Александар Петковски во аранжман на Рубин Димкоски.
Видио записот на „Чадор стар“ е дело на Дарио Јанковиќ и неговата Генерал Продукција.

-Ова лето за мене и мојот тим е навистина работно, само пред еден месец со Дарио Јанковиќ ја спакуваме со видео запис и ,,Последен воз“, музиката и аражманот се на Рубин Димкоски, а текстот на Орце Зафировски, вели Кузмановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.