Милица Павловиќ потроши 300 000 евра за стан, а еве што велат соседите за нејзиното однесување

Една од најпопуларните пејачки во регионот, Милица Павловиќ претходното лето стан кој вреди 300 000 евра.
Екипа на блиц.рс го посетила маалото каде што живее „секси сењорита“ и нејзините соседи велат дека после Новак Ѓоковиќ таа им е омилена сосетка.
Со оглед на тоа што Милица неодамна го промени начинот на исхрана, вработените на еден веган ресторан имаат само пофални зборови за пејачката.
„Често доаѓа Милица Павловиќ и нарачува наши специјалитети. Многу е љубезна. Често доаѓа сама, а некогаш знае и да дојде со оној продуцент на кој пред неколку месеци му фрлија бомба во студиото“ вели вработен во ресторанот.


Момче кое работи во кафуле во близина на Павловиќ исто така откри што мисли за пејачката.
„Таа ни е омилена муштерика бидејќи остава најголем бакшиш. Ја обожаваме, таа е наша другарка. Воопшто не е безобразна, како други ѕвезди, многу е нормална, многу е љубезна. Доаѓа еднаш неделно. Ретко седнува да пие кафе, често со себе носи кафе. Морам да признам ме воодушевува што секогаш е средена, во секоја прилика. Се гледа дека се грижи за својот изглед“ вели момчето.
„Ја сретнувам Милица на поминување. Секогаш е љубезна. Мислам дека секогаш некаде брза. Ја гледам во машко друштво, но мислам дека и се пријатели. Живее сама, па сака пријателите да и прават друштво, не сака да биде сама. Слушнав дека станот и е многу убаво среден“ вели госпоѓа која има стан во зградата кај што живее Павловиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.