Пратеникот Антонијо Милошоски се спаси од прогон за предметот „Моќник“, а со него, и неговиот татко Милош Милошовски кој беше обвинет. Ова доаѓа со измените на Кривичниот законик. Предлогот го дал обвинител, а бил прифатен од судечкиот судија. Во предметот беа обвинети уште 11 лица.

„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа насрочена за 09.11.2023“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.
По ова, Антонијо Милошоски објави фотографија со татко му под која напиша дека седнале да пијат ракија.
- Рашфорд не би бил изненаден ако Јамал освои седум „Златни топки“: „Тој е најблиску до Меси“
- Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи од болничкиот кревет
- Нова студија тврди: Заменувањето на солта може да спречи милиони смртни случаи од срцеви заболувања
- „ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица
- Турското оружје го освојува светот: Минатата година имаа извоз од 10 милијарди долари, а оваа година одат кон нов рекорд



