Минатата година рекорден пад на имиџот на САД во Македонија

Споредено со сите други европски земји одобрувањето на водството на САД минатата година најдрастично се намалило во Македонија, покажува истражувањето на “Галуп“. Падот на поддршката на американската политика во Македонија во 2018 година споредено со претходната е за цели 12 проценти. По нас следуваат Словачка со пад од 10 насто, Италија и Украина со по 9 насто, Полска со 7 насто итн.
Водството на САД минатата година во Македонија го одобрувале 33 насто од граѓаните, 42 насто не го одобрувале, а 25 насто не знаат или одбиваат да одговорат. Истовремено Македонија е и меѓу петте држави во светот во кои одобрувањето на американското лидерство значително  се намалило, односно се намалило двоцифрено. Друштво ни прават Словачка, Камбоџа, Иран и Турција.
За разлика од тоа, пак, најголем углед во Европа САД уживаат во Косово, 80 насто одобрување и во Албанија 69 насто.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.