Вредноста на минималната синдикална кошничка во април 2026 година изнесува 68.797 денари, што е зголемување од 979 денари во споредба со март, кога изнесуваше 67.818 денари.
Ако се пресмета и цената на стан за изнајмување од 60 квадратни метри, вредноста на кошничката достигнува 84.172 денари. Според најновите податоци, во периодот од јануари до април 2026 година, минималната синдикална кошничка е зголемена за вкупно 3.305 денари.
Сојузот на синдикати на Македонија посочува дека на 28 јануари и 14 март побарале зголемување на минималната плата, но Владата и работодавачите не го прифатиле барањето. Минималната плата е усогласена за 1.667 денари и сега изнесува 26.046 денари.
Во меѓувреме, трошоците за храна и пијалоци достигнуваат 26.085 денари, што значи дека минималната плата не е доволна ниту за покривање на основните прехранбени потреби. Според пресметките, потребни се околу 2,6 минимални плати за покривање на основните трошоци за живот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



