сабота, 28 ноември 2026
Најново

Министерката Димитриеска Кочоска: Градиме мостови на доверба со светските финансиски центри

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на посетата на Вашингтон оствари средба со високи претставници на Банката на Америка.На средбата се разговарало за позитивните макроекономски резултати на Македонија, стабилната фискална политика, како и активностите што ги спроведува Владата за подобар пристап до глобалните финансиски пазари и поддршка на реформите.Димитриеска Кочоска имала и средби со претставници на меѓународни инвестициски фондови, каде биле разгледани можностите за понатамошна соработка и зголемување на довербата во економските политики на земјата.„За мене важно е постојано да градиме доверба и партнерство со глобалните финансиски институции – само така можеме заедно да обезбедиме стабилен и одржлив економски раст за нашата земја“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Поврзани вести