Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба во Министерството за да ги разјаснат работите преку бројки порачувајќи дека за економијата не се зборува со паника по што лидерот на СДСМ Венко Филипче возврати дека ја прифаќа поканата под услов да дојдат и медиумите со камери.
Обвинувајќи ја опозицијата дека ја оставила државната каса во исклучително тешка состојба и со обврски за плаќање на долгови, министерката вели дека Министерството има јасна стратегија и одговорна политика за управување со јавниот долг и дека има домаќинско, внимателно и одговорно работење.
– Да бидеме уште поконкретни. Оваа Влада денес има огромен предизвик: истовремено да го финансира развојот и да ги сервисира старите долгови создадени токму во време на СДСМ, вели Димитриеска-Кочоска.
Филипче и порача на Кочоска дека ќе дојдат на средба но под услов таа да биде отворена и за медиумите.
– Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата. Ние сме подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции. Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите, напиша Филипче.
The post Министерката за финансии го повика СДСМ на средба, Филипче прифати под услов да се присутни и медиумите appeared first on Provereno.



