четврток, 12 ноември 2026
Најново

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Министерствто за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Во согласност со планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а другите 50 за општините.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача  30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци.
Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.
Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина, како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и другите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.
– Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги – соопшти Министерството за транспорт.
Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и може да се види на следниот линк:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

Поврзани вести