Министерството за финансии објави дека е одземена лиценцата за работа на една од најголемите финансиски компании на пазарот, по вонреден надзор извршен по жалба на граѓанин.
Според министерството, при инспекцијата биле констатирани сериозни прекршувања на законските одредби и дејствија спротивни на правилата за заштита на потрошувачите.
Министерството вели дека практиките што ги користи финансиската компанија ги довеле во опасност граѓаните кои ги користеле нејзините услуги. Поради утврдените неправилности, во мај беше донесена одлука за одземање на лиценцата за работа на компанијата.
Министерството за финансии објави дека засилените контроли врз финансиските компании во земјата ќе продолжат и во 2026 година. Од почетокот на годината, изречени се 22 казни на 16 финансиски компании, како и 23 наредби за отстранување на неправилности.
Паралелно со контролите, властите подготвуваат и законски измени за зголемување на заштитата на граѓаните и транспарентноста во финансискиот сектор.
The post Министерство за финансии: Одземена е дозволата за работа на финансиска компанија, контролите продолжуваат appeared first on Во Центар.



