четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мирен собир утре и во Штип по повод 6 месеци од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 16 септември кога навршуваат шест месеци од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади, а помеѓу нив беа и пет млади штипјани, на Градскиот плоштад во Штип ќе се запалат свеќи и ќе се направи ѕвездено небо во нивна чест. Во објавата на социјалните мрежи стои:

” … Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени!
Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас!
20 ч. – палење свеќи во чест на сите починати на градскиот плоштад;
20.30 ч. – ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови.
Да се обединиме сите во чест на нашите ангели и сите заедно да ги вклучиме светилките од мобилните телефони!”

Поврзани вести