Мистериозен Србин ја донесе ќерката на Трамп во Белград – тајните служби кружат низ српската престолнина

Тифани Трамп (25) најмладата ќерка на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, престојува во Белград благодарение на блискиот пријател, извеснен Србин кој живее во Америка, дознава Телеграф.рс.
Како што пишуваат српските медиуми, тој Србин на Тифани и и зборувал како Белград е познат по одличните забави, па одлучила да го посети.


Со неа е и нејзиното момче Мајкл Булсон милионер од Нигерија и уште еден пријател како и агенти на Тајните служби меѓу кои и обезбедувањето на претседателот на САД.
Организацијата за посетата на ќерката на Трамп траела неколку недели, две служби правеле детален план за престојот.


Според некои информации кои се уште не се потврдени, а кои ги објавија некои медиуми, Тифани со нејзиното друштво би престојувала вкупно 11 дена во српската престолнина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.