Мистериозна болест се шири во Кина, најзагрозени се децата. Поради порастот на заболени деца, наставата во многу училишта е откажана. Болеста предизвикува страв кај населението и го вклучи алармот кај здравствените власти.
Светската здравствена организација (СЗО) побара од Пекинг детални информации за порастот на „недијагностицираните респираторни заболувања“ кај кинеските деца, пренесува германски Билд. СЗО го повика кинеското население да преземе „мерки за намалување на ризикот“, додава Билд.
- Додека граѓаните плаќаат 1.100 долари повеќе за бензин, американските нафтени компании заработуваат милијарди
- Како кардио тренингот може да ви помогне во здравјето на косата
- Ден Дончев примил австралиски долари за консултантски услуги преку компанија од Муртино додека бил директор на ФЗОМ!
- Украина добива моќно оружје за пресретнување на руски ракети: САД одобрија продажба на 500 ракети „Патриот“
- Неколку села во Студеничани денеска без струја, прекинот ќе трае до 15:30 часот
Информациите дека детските болници во северните делови на земјата се полни со болни деца од октомври, ја објавија кинеските независни медиуми, но властите одговорија дека станува збор за „ширење на познати патогени, како што се грипот и бактериските инфекции, поради укинување на рестрикциите воведени поради ширењето на корона вирусот“.
Се чини дека ситуацијата се влошува, па глобалниот систем за следење на епидемијата „Промед“ предупредува на епидемија на „недијагностицирана пневмонија“ кај децата.
„Овој извештај укажува на широко распространета појава на недијагностицирана пневмонија. Воопшто не е јасно кога започнала оваа епидемија, бидејќи би било невообичаено толку многу деца да бидат погодени толку брзо“ – пишува во извештајот на Промед, пренесува Билд.
Најновото предупредување се заснова на извештаите за преполни болници во Пекинг и североисточниот дел на Лиаонинг, како и во крајбрежниот град Ксијамен.
Наставата е откажана во многу училишта, бидејќи не само учениците, туку и наставниците се разболеле од пневмонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



