Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори, но моменталниот фокус останува на реформите и инвестициите

Владината портпаролка Марија Митева, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се одржат, но оцени дека во моментов државниот интерес бара фокус на реформи и инвестиции наместо на нов изборен циклус.

Митева рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и е посветена на спроведување на владината програма и ветувањата дадени на граѓаните.

„Ако го гледаме нашиот тесен политички интерес како ВМРО-ДПМНЕ, можеме да одлучиме да имаме избори утре, според анкетите кои покажуваат несомнена доверба“, рече Митева.

Таа додаде дека според неа, предвремените избори би значеле дополнителни трошоци и губење време во година која, како што рече, е важна за реализација на инвестициите и реформите.

Митева го критикуваше и СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија се соочува со „криза на идентитет“ и нема јасна визија ниту кадровска подготвеност.

„Повеќе од јасно е дека постои сериозна паника околу тоа дали ќе има предвремени избори или не“, рече Митева.

Таа исто така нагласи дека СДСМ не ја поддржал укинувањето на техничката влада и се повлекол од работните групи поврзани со реформската агенда, иако јавно ја поддржал европската интеграција.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори, но моменталниот фокус останува на реформите и инвестициите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: