СДСМ има соодветна кадровска понуда за претстојните локални избори, а граѓаните бираат менаџери на општините, не партии, вели градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во гостување на ТВ 24.
– Јас искрено не знам ова тврдење на премиерот Мицкоски од каде му е, дали е предвидување врз основа на гледање на кристална топка, сепак на крајот одговорот на ова прашање го даваат граѓаните кои нѐ бираат на непосредни избори и апсолутно нема да се согласам со ова негово тврдење затоа што она што досега СДСМ како кадровска понуда го има пред граѓаните апсолутно сметам дека има соодветна тежина и сметам дека ќе има соодветен успех на следните локални избори. Граѓаните бираат менаџери на општините, не го бираат Мицкоски, бираат луѓе кои се капацитетни да ги водат општините, истакна Митовски.



