Михаел Шумахер е најбогатиот возач на Формула 1 во историјата, еве колку заработи легендарниот Германец

Германскиот возач Михаел Шумахер, кој е неактивен веќе 12 години, е сè уште најбогатиот возач на Формула 1 во историјата, објави реномираниот портал „racingnews365“ (racingnews365).

Богатството на Шумахер (56) моментално се проценува на 671 милион евра.

Седумкратниот светски шампион и еден од најдобрите возачи на Формула 1 на сите времиња доживеа несреќа на скијање во Франција на 29 декември 2013 година, кога се здоби со сериозни повреди од кои до ден денес не се опорави.

За време на неговата кариера, која траеше од 1991 до 2006 година и од 2010 до 2012 година, Шумахер оствари дури 91 победа на трките во Формула 1.

Што се однесува до богатството, зад Шумахер е и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Богатството на Британецот се проценува на 258 милиони евра.

Следува двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, чие богатство се проценува на 224 милиони евра.

Богатството на Кими Раиконен, светски шампион од 2007 година, се проценува на 216 милиони евра, додека петти на листата е трикратниот светски шампион Ники Лауда, чие богатство во времето на неговата смрт во 2019 година беше проценето на 172 милиони евра.
The post Михаел Шумахер е најбогатиот возач на Формула 1 во историјата, еве колку заработи легендарниот Германец appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: