Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство стигна во Собранието – сè ќе биде транспарентно

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, соопшти дека во Собранието пристигнал Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство за партнерство во реализација на инфраструктурни проекти.
Во објава на својот Фејсбук профил, Мицевски истакна дека целиот процес ќе биде целосно јавен и транспарентен. „Ништо нема да биде скриено од јавноста. Секој детал ќе биде достапен и отворен за увид,“ посочи тој, уверувајќи дека граѓаните ќе бидат навремено и целосно информирани за содржината и импликациите на договорот.
The post Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство стигна во Собранието – сè ќе биде транспарентно appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: