Мицковски е малер за ВМРО-ДПМНЕ

Во колумна објавена за Дојче Веле поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска го опиша Мицковски како малер за партијата и неговото доаѓање го поврза со редица последователни порази.

“Јас, но и многу мој искрени сопартијци имаме чувство како актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ да и носи малер на партијата. Стана ГенСек на партијата и прв пат после 12 години загубивме. Беше носител на листа на советници за град Скопје во 2017 година и загубивме катастрофално. Стана претседател на партијата и повторно загубивме, овој пат на претседателските избори. Истовремено загубивме на локалните избори во Охрид и во Ново Село. Замислете во Охрид и во Ново Село победивме за претседателските избори, а изгубивме на локалните избори кои се одржаа истиот ден.

Ова значи дека имало поголем број на гласачи кои истиот ден гласале за ВМРО-ДПМНЕ за претседателски избори, но гласале против ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Поразите продолжија, па потоа со истиот тој претседател, овој пат како шпицен кандидат (кандидат за премиер) изгубивме на најважните избори, на парламентарните избори. Тој како претседател беше и шпицен кандидат и претседател на републичкиот изборен штаб, кој штаб како и да не постоеше. Одржале еден или два состаноци и мислеа дека победата сама ќе си дојде зашто СДСМ бил катастрофа.“ – пишува Тодоров во колумната која цела може да ја прочитате ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.