Мицковски сега нема да протестира за струјата, ќе се концентрирал на францускиот предлог

Не траеше долго најавата за протести против поскапувањата, и обидот да си ја претстави партијата како заштитник на еден дел од граѓаните. Мицковски се предомисли. Сега му е побитно да се сконцентрира на ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ. Значи народе, толку од ГАЛАМАТА ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА. Од утре да си штедите, оти ќе си платите поголема сметка, а Мицковски нема да протестира во ваше име и за ваши потреби.

Во манир на човек што ги контролира сите процеси и мислења во неговиот табор, Мицковски сега ќе се фокусира на ФРАНЦУСКИОТ ПРЕГЛОГ

Директно од пред БЕЛАТА ПАЛАТА (која е конфискувана со првостепена судска пресуда поради КОРУПЦИЈА) Мицковски изјави: – Иако најавив дека ќе му предложам на ИК да имаме протести уште утре поради драматичниот удар врз стандардот на граѓаните,  со оглед на зголементото ниво на претпазливост околу чекорите со францускиот предлог и потенцијалното предавство на државните интереси, одлучив таа одлука да се смениме и целосно да се фокусираме на решението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.