Мицковски се залага разградувањето на Македонија да продолжи да се одвива ТАЈНО

Тој подолго време си поприкажува со неговите најблиски дека редовно се слуша и е близок со Меркел. Во Белата палата е хит неговото другарство во Меркел. Расположението е видливо на сите страни по спратовите. Се разбира надвор од зградата служи за потсмев и се неверица се доживува овој дилентантизам од невидени размери. 
Но сто пати повторената лага станува вистина. Па така и раскажвајки си приказни сами на себе на крај во нив и самите поверуваа. А тоа дека се први другари со фрау Меркел. Па во таа насока и денешната изјава дека било непристојно да каже што разворал со другарка му уз кафе муабет. Сигурно не за хидроцентралите? Или да? Сигурно не за тоа дека Македонија е понижена и клекната на колена и во опасност да биде избришана од мапата на државите во светот. Барем онаква каква што ја познаваме во последните 27 години. 
Мислите смеел другарски да и спомене дека не бришат од мапата? Дека не оди тоа така? Да не поразговарале за бегалсите кампови? Смеел ли Мицковски да ја праша другарка му Меркел дали може да поминеме без 100.000 бегалци во оваа „пригода“? Нема да дознаеме за жал. Не било пристојно.
Како што не беше пристојно да се каже што се преговара со Ципрас и како што го советуваше Заев дека треба да се води тајна политика… Браво. Браво Јакобинци. Ќе дојдете на власт. Ќе ве наградат. Они. Странците. Народот сигурно не. Но народот не е битен кога си на Ти со фрау Меркел нели?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.