Мицковски: Треба да се преговара тајно со Грција

Проследете шокантен видео настап на Мицковски каде што самиот изјавува дека треба да се преговара тајно со Грција за промената на името.
Познато е како завршија преговорите на Заев со Грците. Катастрофа од невидени размери. А Мицкоски вели дека цитираме: „Она што јас го имам како мислење и како јас ги оценувам преговорите кажав, но ако дискутираме на тема е добро да додадеме дека она што таму се дискутира не треба да и се презентира јавно како преговарачка позиција од македонската страна… ви реков ако вие преговарате и ако јавно презентирате која е вашата позиција тогаш не можете да очекувате од Грците да ви се приближи…“ 
Знате како се заврши. Сега одиме кон промена на име на референдум на 30ти септември. А чекаме и да завршат новите „тајни“ разговори се до 10 септември кога зависно од договореното се чини дека ќе се позицира Мицковски.
Па сепак поради својата аљкавост која е блиска на онаа на Заев (заев е сепак шампион на глупоста) Мицко си ги кажува работите како се поставени во видеово подолу. Слободно и во гаферски стил. Или ако сакате, работи потсвеста и колку и да те спремаат да сокриеш сепак вистината како шило пробива.
На крај дозволете и едно прашање. До кога бе господа со тајни преговори на штета на Македонските национални интереси и Македонците? Од вашите тајни разговори стигнавме на ова дереџе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.