Мицковски чека награда за неговата конструктивност од странците!

Мицкоски се плаши дека ако организираат протести ќе им наместеле сценарио и ќе ги прогласеле за радикални и ќе им одземале имунитет иако во самото име на партијата имаат РЕВОЛУЦИОНЕРНА, па затоа тажи и жали за промената на Името. Но, ќе почекал да види дали ќе бил амбиентот демократски, пазете Тој очекува од Заев демократија, дали ќе го вклучеле околу прашањето за референдум, и така натаму! Дволично, саркастично, НЕискрено! Мицкоски не се плаши дали НАРОДОТ ќе му го одземе ИМУНИТЕТОТ, кој бара реакција, кој бара делегитимирање на оваа инсталирана НЕ НАРОДНА ВЛАСТ, не ги слуша барањата да се напушти Собранието, да се БОЈКОТИРА РЕФЕРЕНДУМОТ, туку стравува меѓународниот фактор да не го дистанцира од Премиерската фотеља која му е единствена цел на Мицкоски!
Професоре да ве прашам дали освен тематиката која ја предавате би ги советувале студентите да со некого кого нарекуваат ПРЕДАВНИК, ПАТОЛОШКИ ЛАЖГО, ДИКТАТОР, ОПАСНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА, како вие што го нарекувате Заев, на било кој начин соработуваат и кое добро од тоа може да излезе сем СОУЧЕСНИШТВО, или веднаш да го прешкртаат и да се борат таков човек воопшто да НЕ може да направи штета! Ние разбравме од Мицкоски дека “Надојден Вардар”не значело борба за зачувување на Име, Протести, Бојкот, загорчување на лагодноста со која Заев си поигрува и со националните интереси и со народот, туку значело победа на следните парламентарни избори!
Нема кај Мицкоски функција Лидер на Опозиција, туку само функција Премиер па не е важно дури и на која држава! Нема битка да се спречат погубните политики, туку се чека фотељата на таква ранета северна Македонија, и се чека награда за неговата конструктивност! Но, тврдам дека математиките не се прецизно направени, тврдам дека и покрај сите штетни политики Заев има во најмала рака ист рејтинг со Мицкоски, и тврдам дека нивото на Вардар во овој момент треба да прелее да делува раздорно, до колку му е важен бар малку народот! Изгледа народот на Мицкоски му е важен само како гласачко тело и ништо повеќе од тоа!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.