Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски посочи дека тој не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ.
„Јас навистина не гледам потреба зошто овој процес на сила да го буткаме и зошто треба од овие да речеме за судовите се издвојуваат 0,3, другото отпаѓа на обвинителите и доаѓаме до вкупен број од 0,39 проценти. Не гледам како можеме ние да си дозволиме да покачиме на 1,3 проценти, 0,8 за судови, 0,5 за обвинител од БДП, тоа би било некаде отприлика 260 милиони долари годишно, но тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација, и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит, оваа година се консолидираме на под 4 проценти, а до година се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 3 проценти буџетски дефицит. Така што јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП.


