Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, објавува дека Апелациониот суд пресуди дека СДСМ изнесувала невистини и го клеветела.
Апелациониот суд, со конечна одлука, утврди дека СДСМ изнесе невистини и сериозни клевети за мене, без докази и без основа.
Со оваа одлука, по потврдената првостепена одлука, СДСМ е официјално утврдена од страна на судството како клеветничка партија.
„Она што го претставуваа со години како „политичка војна“ денес е официјално прогласено за недозволиво и спротивно на владеењето на правото. Оваа одлука јасно го разоткрива нивниот политички модел: наместо аргументи, напади; наместо програми, дискредитација; наместо одговорност, лаги пласирани во јавноста со цел да се предизвика штета.Политичката критика е легитимна и неопходна. Клеветите и лагите не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор“, напиша Мицкоски.
Тој додава дека Македонија мора да продолжи напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност, а не на измислици и лични напади.
The post Мицкоски: Апелациониот суд утврди дека СДСМ дала лажни изјави и тешка клевета appeared first on Во Центар.



