Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило жалба за набавката на мазутот во РЕК и ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
„Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме“, рече Мицкоски.
Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го отфрли предметот со став дека немало штета врз државниот буџет со набавката.



