Мицкоски за автопатите во Коридорот 8: Очекувам да бидат завршени пред предвидениот рок

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека работи со забрзана динамика во изградбата на автопатите што се дел од Коридорот 8.Мицкоски вели дека е оптимист дека некои од нив ќе бидат завршени пред предвидениот рок, имајќи ја предвид динамиката на работата.„Со брзо темпо се работи на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчан. Отворен е фронт. Отворен е повеќе од 75% од фронтот за работа. Работата се одвива со непрекината динамика, голем број активности ќе се реализираат оваа година.“„Работите се изведуваат со непрекината динамика и на автопатот Тетово-Гостивар и автопатот Прилеп-Битола, очекувам да бидат завршени пред предвидениот рок, пред предвидениот рок“, рече меѓу другото Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: