Мицкоски за влегувањето на Села во Владата: Во политиката сè е можно

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучи можноста Зијадин Села да стане дел од владата по локалните избори.Сепак, Мицкоски рече дека немало барање од Села за средба.

На прашањето дали е можно Зијадин Села да влезе во владата по локалните избори, бидејќи и вицепремиерот Меџити предупреди на таква можност?, премиерот рече дека во политиката сè е можно.

„Важно е да се покаже дека повеќе од 600.000 гласачи, година и пол по парламентарните избори, ѝ дадоа целосен легитимитет на оваа влада и ние продолжуваме со реформските политики што ги започнавме како влада пред 16 месеци, кога бевме избрани“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски исто така изјави дека немало барање за средба од Зијадин Села.

The post Мицкоски за влегувањето на Села во Владата: Во политиката сè е можно appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: