сабота, 28 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Има резерви на нафтени производи во државните складишта, состојбата е стабилна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека во моментов нема прекин во снабдувањето со нафта и нафтени деривати и дека државата има доволни количини за потребите на граѓаните и стопанството.

Тој посочи дека состојбата со нафтата, бензинот и керозинот е стабилна, а институциите се во постојана комуникација со добавувачите. Според него, во овој момент нема индикации за проблеми во синџирот на снабдување, ниту за граѓаните ниту за компаниите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Мицкоски нагласи дека има резерви во државните магацини, како и преку нафтоводната врска со капацитетите на Солун и ОКТА, кои, како што рече, се пуштени во употреба.

Премиерот рече и дека потрошувачката на гориво е зголемена, а во одредени денови зголемувањето достигнува и до 30 проценти. Според него, причината за ова е што некои граѓани од соседните земји доаѓаат во Македонија за да се снабдуваат со гориво, особено во пограничните области.

Како што наведе, најголемиот притисок е на северната, јужната и западната граница, бидејќи цените на нафтата и бензинот во земјата се пониски во споредба со некои од соседните земји. Тој додаде дека Македонија снабдува и керозин со неколку аеродроми во регионот, вклучувајќи го и аеродромот во Приштина.

Во врска со можноста за евентуален недостиг, Мицкоски рече дека во моментов нема причина за загриженост. Доколку се појави таков ризик, рече тој, државата ќе реагира навремено и ќе усвои соодветна стратегија.

Поврзани вести