Мицкоски: Македонија е меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа

„Добрата вест за македоснската економија и за граѓаните е дека растеме, ја завршивме 2025 година со пласман во првите пет земји во Европа и тоа се факти, веднаш по Ирска, Малта и Кипар, заедно со Полска. Ова се податоци на Евростат. Истата ситуација беше и во 2024 година. Пред шест или седум години бевме на дното во регионот, додека сега сме лидери во регионот и меѓу првите пет земји во Европа по процентот на раст на бруто домашниот производ“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски за ТВ Ора 24.

Тој рече дека во последните два месеци економскиот раст е двоцифрен, што докажува дека економијата добро се движи.

„Заедно со ова, можам да кажам дека во првите два месеци од годината имаме двоцифрено зголемување на буџетските приходи, што значи дека економијата оди добро, се плаќа данок на додадена вредност, повеќе нема толку сива економија, и во увозот и во домашниот промет, профитот е поголем, а данокот на добивка е исто така зголемен во споредба со минатата година, што значи дека компаниите работат и остваруваат профит, придонесите се исто така зголемени, што значи дека приходите на вработените се зголемени за 12 до 13 проценти. Значи, апсолутно почетокот на годината ветува многу добра економска година“, нагласи Мицкоски.
The post Мицкоски: Македонија е меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: