Сè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата повторно да ја застанеме на нозе, да ја закрепиме економијата и да создадеме сигурност и перспектива за секој човек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Нашата борба денес, потенцираше, не е со оружје. Нашата борба е за знаење, за развој, за институции и за достоинствен живот. Борба против сиромаштијата, корупцијата, неправдата и безнадежноста. И таа борба мора да ја добиеме со истата решителност со која нашите предци ја бранеа слободата.
Цитирајќи го Винстон Черчил дека „Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален – важна е храброста да се продолжи понатаму“ рече дека „токму таа храброст денес ѝ е потребна на татковината.
Нашата политика, дополни, е на четири клучни столба – економијата и животниот стандард, образованието, правдата, младите и иднината.
– Нашата цел е јасна – повисоки плати, повеќе инвестиции, нови работни места и силна домашна економија. Работиме на поддршка на компаниите, на отворање нови капацитети, на инфраструктурни проекти и на финансиска стабилност. Не ветуваме чуда преку ноќ, туку чесна и напорна работа што ќе донесе реални резултати. Сакаме граѓаните да почувствуваат дека трудот се исплати и дека државата конечно работи за нивниот подобар живот, рече Мицкоски.
Тој порача дека моќта на образованието е најсилниот лек против сиромаштијата.
Според него, 9 Мај треба да биде потсетник дека слободата и мирот не се нешто што еднаш се добива и засекогаш се чува и оти генерација има должност повторно ја брани – со мудрост, со работа и со единство.
Можно е и ова да ти се допаѓа
The post Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



