Мицкоски: Нашата земја останува цврсто ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес објави дека учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“ што се одржува во Тирана. Тој вели дека овој состанок е добра можност за продлабочување на дијалогот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Денес учествувам на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“, што се одржува во Тирана, Албанија.

Овој важен состанок претставува одлична можност за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

„Нашата земја останува решително ориентирана кон европската интеграција и регионалната соработка, како главни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, пишува Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски беше примен од премиерот на Албанија, Еди Рама, пред Самитот на лидерите.
The post Мицкоски: Нашата земја останува цврсто ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: