Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?- Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.
Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, напиша премиерот.



