Мицкоски на увид во новоизградениот дел од булеварот Видое Смилевски-Бато во Тетово

Денес, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со други владини претставници, изврши увид во тековните градежни работи на проектот за изградба на “Булевар Видое Смилески Бато – Прва фаза”. Овој проект опфаќа делот од Фуштанска па сè до селото Порој во општина Тетово. Во рамките на своето обраќање, Мицкоски потенцираше дека проектот вклучува изградба на коловоз со разделен појас и тротоари, како и целосна подземна инфраструктура, вклучувајќи фекална и атмосферска канализација, водоснабдување и електрична мрежа. Со должина од 1.783 метри, веќе се завршени првите 650 метри од булеварот. Мицкоски изрази уверување дека овој проект ќе придонесе кон посигурна, модерна и урбано уредена Тетово, додавајќи дека владините напори продолжуваат со реализација на капитални проекти кои ќе овозможат подобар живот и услови за сите граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи: