Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе присуствува на свечениот прием по повод одбележувањето на 25 години од присуството и активната работа на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Република Северна Македонија.
КАС е германска политичка фондација поврзана со Христијанско-демократската унија (CDU) и е посветена на промовирање на слобода, правда и солидарност. Преку своите програми и активности, фондацијата значајно придонесува за развој на демократијата, правната држава и европските вредности, како и за унапредување на меѓународната соработка.
Одбележувањето на јубилејот претставува потврда за длабокото и долгогодишно партнерство помеѓу КАС и Северна Македонија.
The post Мицкоски на 25-годишнината од Фондацијата Конрад Аденауер во С. Македонија appeared first on 365.mk.



