Премиерот Христијан Мицкоски јавно го покани новоизбраниот бугарски премие Румен Радев да ја посети земјава.
Мицкоски во изјава за медиумите рече дека не гледа причина зошто не би го поканил новиот премиер на Бугарија.
– Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата еве го поканувам, рече денеска Мицкоски.
Во однос на односите со Бугарија, рече дека не очекува вложување, туку дека не очекува подобрување се додека има луѓе кои ги распродаваат националните интереси и коленичат пред Бугарија.
– Наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, јас кога победи утрото му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа Влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои што треба да разговараме, изјави Мицкоски.
Радев кој до скоро ја извршуваше функцијата претседател на државата, денеска е избран за нов премиер на Бугарија.
The post Мицкоски: Не гледам причина зошто да не го поканам Радев appeared first on Provereno.



