сабота, 28 ноември 2026
Најново

Мицкоски не гледа ништо невообичаено во средбата меѓу Црвенковски и Пецаков

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не гледа ништо невообичаено во средбата на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Тоа предизвика вознемирување во редовите на СДСМ и актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче кој во време на Владата на ВМРО кога јас бев советник на тогашниот премиер тој беше советник на тогашниот министер за здравство. Нема да навлегувам во таков тип на дискусија бидејќи не ги знам ниту причините ниту мотивите, но со истиот тон и на истиот начин се интерпретираше и средбата на Ралев со Орце Ѓорѓиевски, идниот градоначалник на Скопје, кога Ралев кој важеше за еден од потенцијалните кандидати на СДСМ испи кафе со Ѓорѓиевски и даде поддршка“, рече Мицкоски во неговото гостување на емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Поврзани вести