Мицкоски: Не го познавам Ненад Савески, од неговата биографија проценивме дека може да биде одличен главен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за Ненад Савески, кој е предлог на владата за главен обвинител, и рече дека очекува предлогот официјално да биде доставен до Собранието денес или утре.

Мицкоски рече дека лично не го познава истиот човек, но од неговата биографија е проценето дека би можел да биде одличен главен обвинител.

„Ги анализиравме сите кандидати. Ги анализиравме нивните биографии, уште еднаш заклучоците на Советот на обвинители и како влада, во конструктивна дебата одлучивме дека Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов главен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она што го видов од неговата биографија, но и за време на прашањата, оценуваме дека може да биде добар, би рекол одличен, главен обвинител“, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Не го познавам Ненад Савески, од неговата биографија проценивме дека може да биде одличен главен обвинител appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: