четврток, 26 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Ние не сме акционерско друштво кое ја снабдува Србија со нафта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На прашање од медиумите за состојбата во Србија и проблемите со нивната нафтена индустрија и дали можеме да го снабдуваме јужниот дел од соседна Србија со горива, премиерот Христијан Мицкоски рече дека разгледуваат секоја можност, но нагласи дека „ние не сме акционерско друштво за снабдување на јужна Србија или други земји во регионот“.

„Ова го прават приватните компании што водат бизнис. Ние како држава ги спроведуваме сите чекори за да може цевководот, кој е уништен многу години, да се стави во функција. Мислам дека тестовите се при крај и треба да започнат тестовите за притисок. Владата го одобри ценовникот, па очекувам цевководот да биде ставен во функција оваа година, а потоа компаниите, доколку најдат интерес, можат да го преземат она што е нивна дејност“, рече Мицкоски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека доколку „НИС“ не ја добие американската лиценца до крајот на денешниот ден, земјата ќе се соочи со „тешки денови“.

Според него, ова би значело целосен прекин на работата на рафинеријата и ниедна банка нема да соработува со компанијата од понеделник. Вучиќ процени дека шансите за добивање на лиценцата се 40% и 60% дека Вашингтон ќе даде негативен одговор.

Поврзани вести