Мицкоски: Очекувам намалување на цената на бензинот за 2 денари, додека нафтата ќе остане со иста цена или со минимално зголемување

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, очекува Регулаторната комисија да објави пониски цени на бензините во понеделник, додека цената на дизелот ќе остане непроменета или ќе има минимално зголемување.

„Очекувам намалување од 2 денари за безоловниот бензин во понеделник, а иста цена или минимално зголемување од половина денар за дизелот. Намалувањето на ДДВ директно подразбира позитивен ефект“, изјави Христијан Мицкоски – премиер.

Меѓу другото, Мицкоски рече дека во моментов не се разгледуваат никакви рестриктивни мерки или забрани.

„Засега не ни требаат ограничувања и забрани. Имаме доволни количини. Ја следиме ситуацијата и ќе реагираме“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
The post Мицкоски: Очекувам намалување на цената на бензинот за 2 денари, додека нафтата ќе остане со иста цена или со минимално зголемување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: