четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Пожарите се подметнати од центри на моќ во државата и надвор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што, како што вели „некој има интерес“. Но, исто така рече дека истите тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени.

„Препораки има од вчера, сите кои се наоѓаат во периметарот на овој пожар, во овие ден два ќе бидат евакуирани, иако последните мерења велат дека нема големо загадување. Вчера ако имаше загадување помеѓу 8 и 9, сега е меѓу 5 и 6. Има, но не е тоа енормно, зборувам на периметар од 100 метра околу пожарот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат. Вакви подметнувања и диверзии ќе има. Затоа што има центри на моќ кои не сакаат оваа влада да успее. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе продолжиме да се бориме и на крај ќе победиме. Сакам да им укажам на сите граѓани, дека ова кое сега се случува и она кое се случуваше летото, ќе продолжи, затоа што некој има интерес, но ќе бидат поразени“, рече Мицкоски.

Поврзани вести