Мицкоски потврди: Со Таравари сум разговарал за промена на Уставот и отстранување на терминот 20 проценти

Прашан за коментар за тврдењето на лидерот на Алијансата, Арбен Таравари дека додека разговарале, Христијан Мицкоски се согласил за замена на дефиницијата 20 проценти, со албанскиот јазик во Уставот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека разговарал на оваа тема со Таравари, но беше незадоволен бидејќи политичари прераскажувале за што се разговарало на тајни средби.

Мицкоски потврди: Со Таравари сум разговарал за промена на Уставот и отстранување на терминот 20 проценти

„Не сме разговарале на оваа тема, односно сме разговарале како дел од повеќе теми. Сме разговарале за бадентер. До кога ќе живееме во општетство каде што малцинството ќе го владее мнозинството? Понатаму сме разговарале за правилото балансер. Тоа било поширок разговор за многу теми. До кога етничката припадност ќе е професија. Дали сакаме општетство каде што ќе се цени квалитетот. Да разговараме за општество каде работа ќе добиваат луѓето затоа што се квалитетни, а не оти се дел од некаков балансер. Ако сака некој да продолжиме да живееме во апархејд каде фрустрацијата на мнозинската заедница ќе биде се’ поголема и поголема, за тоа не можам да разговарам“, рече Мицкоски.

Како што додаде терминот „20 проценти“ во Уставот им овозможува и на другите заедници во Македонија да го користат својот јазик во општините во кои надминуваат 20 проценти, како што е бошњачката, српската, турската и ромската заедница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.