Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата

  Премиерот Христијан Мицкоски  од собраниската говорница се закани дека очекува, по изборот на јавен обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години додека владееле СДМС и ДУИ.
Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува исто така со промените во Обвинителството голем број граѓани да се охрабрат и јавно да проговорат што сè доживеале за време на претходната влада.
Премиерот оцени дека изјавите на Жан Митрев се загрижувачки, но дека сепак, како што рече, не се нешто досега непознато во јавноста или нешто за кое не се коментирало во минатото.
– Тоа се изјави што кореспондираат со шпекулации што ние веќе сме ги слушале – за обиди за упад, преземање бизнис, користење службена положба за вршење влијание или притисок, но не е тоа единстеното нешто. Имам чувтсво дека во периодот што следува, а особено по изборот на јавен обвинител, голем број наши сограѓани ќе се охрабрат да споделат јавно свои искуства што ги доживеале со претходната влада и дека голем број предмети држени во фиока ќе добијат јавност и ќе влезат во процедура. Ако ова мое чувство се потрвди како точно, граѓаните ќе слушнат во детали што се случувало седум години и кој е тој што ја води опозицијата или опизициските партии во Македонија – истакна Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: