Мицкоски пред посетата на Кошта: Немам намера д поддржам авантура без извесен крај

Владата останува на своите позиции околу евроинтеграциите – нема уставни измени без јасни гаранции дека за нови условувања.
– Јас немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура без извесен крај. Покажуваме дека сме компетитивни, сакаме да го изодиме процесот бргу, но не сакаме брз неизвесен крај, не влегуваме во таква авантура, изјави премиерот Христијан Мицкоски пред денешната посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
     Вели Владата останува отворена за разговори и подготвена е да работи на реформската агенда и на прашања што ги обединуваат државата и европските партнери.
За односот со соседна Бугарија, вели дека процесот мора да биде заснован на меѓусебна доверба и исполнување на обврските од двете страни.
– Процесот е двонасочна улица, за да изградиме доверба, потребно е да има испорака од другата страна. Ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има дополнителни условувања, да направиме нови заклучоци во кои тоа ќе го ставиме и така ќе се потврди поддршката и довербата, рече Мицкоски.
The post Мицкоски пред посетата на Кошта: Немам намера д поддржам авантура без извесен крај appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: