Мицкоски: Пуштен е во употреба затворениот базен во Кисела Вода, до крајот на летото ќе се завршат уште 4

Денеска присуствував на свечено отворање на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.
Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%.
По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од 6 месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото.
Остануваме Влада којашто ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината.

Пронајдете не на следниве мрежи: