Мишел: ЕУ мора да ги зајакне одбранбените способности и да премине во режим на „воена економија“

Европа мора да ги зајакне своите одбранбени способности и да се префрли на режим на „воена економија“ за да одговори на заканата од Русија, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во текстот објавен на порталот Euractiv, Мишел, кој ќе претседава со состанокот на лидерите на ЕУ посветен на поддршката на Украина во четврток, посочи дека Европа мора да преземе одговорност за сопствената безбедност и да престане да се потпира многу на поддршката на другите земји, како што е САД.

„Доколку ЕУ го нема вистинскиот одговор и не и обезбеди на Украина доволна поддршка за да ја запре Русија, ние сме следни. Мораме да бидеме подготвени за одбрана и да се префрлиме на режим на воена економија. Ако сакаме мир, мора да се подготвиме за војна “, рече Мишел.

Тој изјави дека Европа со децении не инвестирала доволно во својата безбедност и одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи: