Мишел Обама изгледа божествено во бело од глава до пети

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама синоќа гостуваше во емисијата “Today”, каде се појави во фантастично бело издание потсетувајќи нè дека таа и понатаму е модна икона.
Обама носеше бел миди фустан со реси на преклоп со потпис од дизајнерката Рејчел Комеј која го комплетираше со ремен во иста боја. На нозете носела бели салонки, а изгледот го надополни со големи бисерни обетки.


Во бело од глава до пети, госпоѓата Обама никој не остави рамнодушен, а јавноста ја воодушеви со својата фантастична фигура и младешкиот изглед на 54 години.
Иако и новата прва дама на САД стекна титула за стилска икона, мора да признаеме дека ни недостига беспрекорниот стил на Мишел откако ја напушти Белата куќа, па се надеваме дека во иднина ќе ја гледаме почесто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.