„Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите“ – Уапсен монструмот на пожарите во Грција

„Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите“, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари во општината каде што загинаа најмалку 90 лица.
Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно во периодот меѓу 26 и 31 јули, но сепак предметот е во рацете на јавниот обвинител да покрене истрага дали има вмешаност со пожарот од 23 јули.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, 35-годишниот со запалка палел сува трева, и стои зад пет пожари, а бил уапсен во моментите кога сакал да подметне уште еден. Имено, бил забележан од граѓани, кои го пријавиле, веднаш пристигнала полиција, а пироманот се обидел да побегне, но бил уапсен.
Мажот се гони кривично за подметнување пожари кои ставија во опасност човечки животи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.