петок, 20 ноември 2026
Најново

„Ми се допаѓа кога е сочно и лудо“: Сидни Свини никогаш не престанува да интригира со своите изјави

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Актерката Сидни Свини вели дека ужива снимајќи филмови кои се сочни и луди.

Една од најпопуларните, но сепак контроверзни, холивудски актерки во моментов, Сидни Свини, вели дека нејзината цел е филмовите во кои глуми да имаат подлабоко значење и вистинско влијание врз публиката, па дури и потенцијално да спасат животи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сакам да снимам филмови што ќе влијаат врз луѓето и, се надевам, ќе им ги спасат животите“, рече актерката во интервју за Би-Би-Си.

Оваа година, Свини доби значајни улоги во психолошкиот трилер „Домашната помошничка“, како и во биографскиот филм „Кристи“, кои се занимаваат со темата на семејно насилство.Актерката нагласува дека ова е сериозен и широко распространет општествен проблем, поради што за неа било исклучително важно внимателно, автентично и без тривијализација да ги толкува улогите.

Важно е филмот, дури и на комерцијално ниво, да зборува за тешка тема – смета Сидни.

Свини не крие дека е особено привлечена од сложени и емоционално тешки приказни, кои ги поместуваат границите и оставаат силен впечаток кај публиката. Како што самата признава, ужива во проекти кои се сложени, „сочни“, непредвидливи и малку луди, а филмот „Домашната помошничка“ го опишува како сон што се остварил.

Филмот доби позитивни критики од критичарите, а моментално може да се види во домашните кина.