Млада кавадарчанка возејќи „Форд“ се судрила со камион, тешко е повредена

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци, 27-годишна жена од Кавадарци е тешко повредена откако, возејќи автомобил, се судрила со камион вчера околу полноќ, соопшти МВР.

„Денеска (31.07.2025) во 00:15 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино -Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од с.Возарци, кавадаречко и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Т.Ј. од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ј., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: