Млад работник од Гевгелија е тешко повреден во несреќа на работното место на живинарска фарма кај Гевгелија, информира МВР.
„На 12.08.2025 во 12:15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, пишува во полицискиот билтен.



